ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Високите температури во Македонија ќе продолжат до крајот на неделава

Високите температури во Македонија ќе продолжат до крајот на неделава. Портокаловата фаза ќе биде активна до четврток кога температурите ќе достигнат и до 42 Целзиусови степени. Министерството за здравство препорачува трудниците и хронично болните да се ослободат од работа додека трае портокаловата фаза. Да се избегне излегување на сонце од 11 до 16 часот. Граѓаните треба да консумираат што повеќе течности и да бидат внимателни со храната.