
Два воза се судрија во близина на селото Милавче на западната граница со Чешка. Локалните медиуми јавуваат дека се повредени околу 50 луѓе, а две лица го загубиле животот.
Според полицијата, меѓународен брз воз што ги поврзува Прага и западниот чешки град Плзен со Минхен во Германија и локален патнички воз на релација Плзен-Домзалице, се судриле кај селото Милавче, 140 километри од Прага, наскоро по осум часот наутро.
Регионалната противпожарна служба потврди дека две лица го загубиле животот во оваа несреќа, а четири лица во тешка состојба и уште седуммина чии повреди бараат хируршка интервенција со хеликоптери се пренесени во блиските болници.
Чешката противпожарна бригада за локалните медиуми изјави дека се повредени дури 50 лица.
– Извадивме некои луѓе од возот. На лице место има неколку десетици повредени – изјави портпаролот на регионалната противпожарна бригада.
Министерот за транспорт Хавличек потврди дека причината за несреќата најверојатно е човечка грешка и ја опиша ситуацијата како сериозна.
Хавличек сугерираше дека машиновозачот на возот Ек 351, кој патувал од Минхен за Прага поминал на црвено светло.