МАКЕДОНИЈА

Премиерот Зоран Заев рече дека ќе биде внимателен во одговорите на барањата на Бугарија

Премиерот Зоран Заев рече дека ќе  биде внимателен во одговорите на барањата на Бугарија . Тој вели дека идентитетските прашања, а тоа се македонскиот јазик и народ  се потврдени со билатералниот договор постигнат со Бугарија од 2017 година, но дека преостанатите разлики треба да се надминат.

Advertisements

ВМРО ДПМНЕ го обвинува премиерот Заев за последните ставови на Софија.

Бугарскиот парламент вчера го изгласа предлогот за преименување на празникот 24 мај во „Ден на бугарската литература, образование и култура“, со кој Кирил и Методиј и кирилицата ги сметаат за бугарски. Шефицата на бугарската дипломација Захариева рече дека Скопје и Софија треба да најдат решенија и за Гоце Делчев и за јазикот. Таа истакна дека критериумите за добрососедство ќе бидат дел од преговарачката рамка за Северна Македонија.

Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија

„Ние стоиме како апсолутна гаранција дека критериумите за членство за добрососедство ќе бидат дел од рамката за преговори. Не е во прашање само Гоце Делчев. Има контакт меѓу двете комисии, но се сомневам дека ќе имаат состанок до крајот на ноември. Овој долг процес мора да се набљудува преку спроведување на договорот, тука има многу прашања како што се: јазикот, заедничката историја. Наводите дека Бугарија се обидува да ја промени реалноста не се точни.“

Комисиите формирани од двете земји најавија состанок овој месец во Скопје, на кој се очекува да се дискутира за отворените прашања.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button