ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожрот во делчевско не стивнува: Горат куќи во Балабанско и Курјачко маало

Дел од куќите во Балабанско маало се изгорени, а зафатени се и куќи во Курјачко маало во пожарот што го зафати делчевскиот крај. Се евакуираат жителите и покуќнината.

Advertisements

Според изјави на жителите, не може да се влезе во маалото, бидејќи тоа е целото зафатено од пожарот.

Пожарот се гасне теренски, а вклучен е и еден хеликоптер кој интервенира во делот меѓу Балабанско маало, Курјачко маало и Тработивиште.

Во моментот дува силен ветер кој го отежнува гаснењето на пожарот.

На опасноста за Курјачко маало и Балабанци и дел од туристичкиот локалитет Истевнички Кукуљ, предупреди претходно градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој рече дека во тој момент во гаснењето учествуваат околу 200 луѓе меѓу кои и припадници на Армијата и дел од екипата пожарникари од Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button