ЗАБАВА

За музејот сме слушнале сите, но дали знаете која била Мадам Тисо?


Веројатно сите луѓе имаат слушнато за музејот на восочни фигури “Мадам Тисо“, но ретко кој знае која всушност била оваа жена?

Мери Тисо се родила како ќерка на офицерот Јосеф Грошолк и Ана Марија Куртис. Девојчето веројатно никогаш не можела ни да замисли дека понатаму во животот ќе стане вајарка или скулптор. Но, нејзиниот живот пошол во таа насока кога нејзиниот татко починал и нејзината мајка побарала помош за себе и своето девојче од доктор Филип Куртис, познат моделар кој во Париз работел како творец на восочни фигури.

Мери и нејзината мајка наскоро почнале да работат како помошнички на познатиот скулптор. Токму тука, Мери ја запознала мадам Елизабета – сестра на францускиот крал Луј 16. Оваа дама го воочила талентот на малата Мери и решила да поттикне и подржи.

На свои 17 години, Мери го создала своето прво дело – фигурата Волтер, а потоа ги обликувала и фигурите на Жан Жак Русо и Бенџамин Френклин.

Целото тоа време, останала во одличен однос со кралското семејство. Заради тоа и во текот на Француската револуија била уапсена. Доктор Куртис успеал да ја извади од затворот, но под еден услов: Мери понатаму да ги прави посмртните маски од луѓето кои како револуционери биле изведени на гилотина.

Така, младата девојка се нашла во центарот на најмрачните случувања во Европа во 18 век. Помеѓу маските кои ги создавала, биле и оние на кралот Луј 16, Марија Антоанета, револуционерите Далтон и Робеспјер и многу други…Овие луѓе завршиле на колец и нивните тела биле носени низ Париз како јавноста би дознала како завршиле нивните животи…

Во овие тешки времиња, Мери зајакнала како личност и прераснала во одлучна и храбра жена. Тоа кај неа го забележал и доктор Куртис, па и ги доверил сите свои восочни фигури.

Мери се омажила за инженер Франсоа Тисо и заедно со него и своето необично наследство заминале во Англија во 1802 година. Француско – англиската војна ја спречила да се врати во Франција, па Мери започнала да патува низ цела Британија изложувајќи ги своите маски.

Нејзиниот син Јосеф станал нејзиниот најголем соработник. Првата постојана поставка на фигурите била на улицата Бејкер во Лондон во 1835 година.

Мери Тисо во 1838 година ги напишала своите мемоари. Последната фигура која ја создала е нејзината сопствена. Починала од старост на 16 април 1850 година во својата 88 година, оставајќи зад себе една империја која и ден денес работи со огромен успех.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button