
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информира Министерството за здравство (МЗ). Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 528 117 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3 993 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10 179 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 944 731 дози вакцини, а ревакцинирани се 416 614 граѓани.
Од МЗ позочуваат дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава со ротации на медицински екипи во секое село и рурално населено место, населба.