МАКЕДОНИЈА

Приведени четири лица во Крушево за непочитување на забраната за движење во шуми

На место викано „Орлов Камен“, на патот за с.Бирино, крушевско, полициски службеници од Полициската станица Крушево вчера ги лишиле од слобода М.К.(20), Ф.М.(24), Б.К.(26) и А.М.(19), сите од село Врбоец, крушевско, затоа што биле затекнати со патничко возило во шумски предел, односно затоа што не ја почитувале целосната забрана на движење во шуми, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Advertisements

Од МВР наведоа дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени записници за констатиран прекршок согласно одребите на Законот за шуми по член 57 став 3, спротивно на член 106 став 4 „Движење во шума за време на целосна забрана“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button