ЗАБАВА

Што открива должината на косата за вас?


Многу жени имаат потреба да ја променат фризурата или да ја бојадисаат косата во друга боја особено по раскинување со дечкото или по некоја друга голема промена, затоа не е ни чудно што должината открива многу за вашиот карактер како и за моменталното расположение.

Кратка коса

Жените со ваков тип на фризура немаат многу време и интерес за фенирање и стилизирање на косата, тие ја сакаат оваа фризура бидејќи е практична и едноставна за секојдневно одржување. Тоа се вообичаено жени кои се занимаваат со спорт, имаат богат друштвен живот и секогаш се во движење.
Со ваква фризура, не можете да го сокриете лицето, па затоа овие жени обично се многу самоуверени. Тие ја вреднуваат работата и успеваат да останат со ладна глава и да најдат решение во безизлезните ситуации. Понекогаш се и брзоплети и не размислуваат за можните последици.

Боб

Жените со должина на фризура до брада можат да испратат различни пораки. Ако премногу време се посветува на изгледот на косата, жената може да делува многу озбилно. Со шноли и кадрици може да изгледа фанки и модеро. Како резултат на тоа, овие жени не можете да ги ставите во калап. Од една страна можат да бидат скромни и да стојат цврсто со двете нозе на земја, а од друга страна можат да бидат многу спонтани и отворени за нови искуства. Освен тоа тие се искрени и не се плашат да го изнесат нивното мислње и да застанат позади него. Жените со ваков тип на фризура успеваат да постигнат идеална рамнотежа помеѓу работата и животот. Сепак како и жените со кратка коса, често делуваат без размислување.

Коса до раменици

Жените со средна должина на косата не можат да се одучат па бираат „златна средина“. Тие често имаат проблем со донесување одлуки во другите сфери од животот. Одолговлекуваат и наклонети се кон фантазирањето. Потребен им е некој кој би ги мотивирал за да излезат од нивниот мал свет. Тие се задоволни со нивната елеганција и начинот на кој ги привлекуваат другите. Вообичаено се во центарот на вниманието и нивната природна убавина не може да помине неприметно. Тие се атрактивни не само заради нивната појава, туку и заради нивната комуникативност благодарение на која брзо стекнуваат пријателства. На работен план, овие девојки ги почитуваат работните предизвици и одговорно ги извршуваат работните обврски.

Долга коса

Жените со долга коса сакаат долги врски и посветени му се на партнерот. Меѓутоа, кога е во прашање изборот на партнер тие се премногу пребирливи и имаат големи очекувања. Но, кога еднаш ќе го пронајдат вистинскиот, спремни се да му се предадат со цело срце.

Жените со долга, но степенаста коса, спремни се на компромис кога станува збор за изборот на маж, но и во врската.

Жените со долга коса со иста должина веруваат во традиционалната поделба на машката и женската улога, во целост се чувствуваат како понежен пол и сакаат на тој начин да бидат третирани.Тоа значи дека нивниот избор на маж би бил оној кој е нежен романтичен и внимателен.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button