ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата „се крсти“ во авионите од Романија, тие се спас од пожарите…

Пожарот во пехчевскиот регион сè уште активен и најкритичен. Низ територијата на земјава на десетина локации има активни пожари. Пожарите во Свети Николе, Штип, Прилеп, Куманово и Радовиш и понатаму горат, а нов пожар има во регионот на Гостивар. На помош со справување со пожарите пристигаа летала од Романија кои ќе бидат распределени онаму каде што е потребно.

Advertisements

„Канадер Т-21″, специјализиран хеликоптер за гасење пожари пристигна од Романија, а авион „Херкулес 530″, кој е со најсовремена опрема, носи придружна противпожарна опрема, пожарникари и други пропратни материјално-технички ресурси за гасење пожари…“, рече Марија Милкова- Центар за управување со кризи.

Од ЦУК велат дека двата авиона ќе помогнат многу во борбата со пожарите.

„Тоа се големи авиони, нормално во координација со ВИНГ-от и со Генералштабот и оперативниот центар денеска ќе се одлучи каде авионите ќе се полнат со вода, знаете дека Охридското езеро е забрането со УНЕСКО. Имаме две можности – Преспанското езеро и уште едно од поголемите вештачки езера, така што денеска ќе одлучиме како тоа ќе се врши“, рече Горан Стојановски- Центар за управување со кризи.

Апелот до граѓаните повторно е да се воздржат од палење на оган на отворено, да внимаваат каде ги фрлаат отпушоците од цигарите и да ја почитуваат мерката за забрана за движење во шумите.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button