
Властите во Вухан, кинескиот град каде што се верува дека започна пандемијата на коронавирусот, велат дека го завршиле тестирањето на повеќе од 11 милиони жители за ковид-19 по неодамнешното оживување на инфекциите.
Висок функционер во Вухан, Ли Тао, на прес -конференција изјави дека тестовите – започнати пет дена порано – обезбедуваат „во основа целосна покриеност“ на сите жители во градот, освен за деца под 6 -годишна возраст. Градот забележа 37 локално пренесени случаи на ковид-19 и 41 асимптоматски преносници, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
Градските власти рекоа дека мобилизирале повеќе од 28.000 здравствени работници на околу 2.800 локации за тестирање.