СВЕТ

Поплави во Франција: Се трага по исчезнати, уништени домови, десетици евакуирани

Најмалку девет лица исчезнаа во поплавите денес откако на подрачјето околу Ница, на југот на Франција, за само 12 часа падна просечното годишно количество дожд.

Advertisements

Властите соопштија дека во текот на ноќта поплавите оштетиле куќи, мостови и патишта во планинскиот регион Приморски Алпи, во близина на италијанската граница.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, изрази сочувство со семејствата на исчезнатите. Според него, повеќе од 100 домови биле уништени или сериозно оштетени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button