Кејлеб Дресел, најуспешниот спортист на Летните олимписки игри во Токио

Кејлеб Дресел, пливачот од САД е најуспешниот спортист на Летните олимписки игри во Токио, откако освои пет златни медали. Ема Мекион од Австралија е најуспешна во женска конкуренција, со четири златни и три бронзени медали. Дресел освои златни медали на пет од шестте трки на кои учествуваше. Американскиот пливач постави светски рекорд на 100 метри пеперутка, додека постави и два олимписки рекорди на 50 метри слободен стил и на 100 метри исто така во слободен стил. Во истите дисциплини, Ема Мекион освои златни медали како и Дресел, при што пливачката од Австралија учествуваше и во штафетни трки, додека во дисциплината четири пати по 100 метри, постави светски рекорд. Да се потсетиме дека на Олимписките игри во Токио по најмалку два златни медали собраа 37 натпреварувачи, од кои 22 се спортисти и 15 спортистки.