ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд ќе чека комплетирање пред да одлучува за пописот, „Преспа“ и автопатите на „Бехтел-Енка“

Последен пат, Уставен суд седница одржа на седми минатиот месец. Судиите се на одмор, а засилено темпо од Уставен најавуваат за од септември. Моментално судот работи се две третини, оти на тројца судии им истече мандатот и се чека Собранието да одлучи за тројца нови членови. Претседателката на овој суд, Добрила Кацарска за Алсат вели дека веќе имаат готови реферати за некои од важните предмети кои ги чекаат на маса откако ќе се вратат од одмор.

Advertisements

Станува збор за оспорените Закон за јазици и за Преспанскиот договор. Но, сепак судот нема да одлучува по овие иницијативи се додека не се комплетираат со останатите тројца судии. Иако и со моменталниот состав од шестмина можат да донесат одлука, Кацарска посочува дека одлуките е подобро да ги донесат во полн состав.

„Станува збор за важни предмети кои се актуелни во јавноста, но и исклучително важни и за државата. Не е сеедно каква одлука ќе се донесе и што е најважно мора да сме комплетни за одлуките да имаат тежина и да бидат разгледувани од девет судии“, рече Добрила Кацарска, Претседателка на Уставен суд.

Кацарска вели дека интензивно работат и предметот за пописот, кој беше оспорен пред Уставниот суд. Според неа важна иницијатива е онаа на Антикорупциска која ја го оспори Законот за изградба на патишта, поточно за Коридорот 8, автопат Тетово – Гостивар, проектот автопат Требеништа – Ќафасан како и патот Прилеп Битола. По скратена постапка, пратениците го изгласаа Законот.

Делниците треба да ги гради американско – турскиот конзорциум „Бехтел – Енка“. Изградбата на овие патишта се планира да биде без тендер. Со тоа не се согласуваат од Антикорупциската комисија кои го оспорија законот пред Уставен. Според нив, во договорот постојат правни празнини кои создаваат простор за субјективност, политичко влијание и тргување со моќ. Не се знае ниту колку пари би чинела изградбата на сите делници.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button