Какви вештини МОРА да поседуваат дадилките на кралските семејства?


Алсат
09.07.2020 08:19
Дадилките во кралските семејства се можеби привилегирани да живеат во палата и да бидат дел од секојдневните случувања во кралството и тоа е најубавото нешто во нивната работа.
Овие луѓе, мора да бидат многу повеќе подготвени и поминуваат низ многу тестови за да можат да дојдат на оваа позиција. За разлика, од дадилките во обичните семејства, тие мора да поседуваат знаења многу поголеми.
На пример, во Бакингам постои цел тим на стручњаци кој се грижи за целата работа да се одвива во најдобар тек, а особено воспитувањето на децата на принцот Вилијам.
СИТЕ ДОСЕГАШНИ КРАЛСКИ ДАДИЛКИ ИМААТ ДИПЛОМИРАНО НА ПРЕСТИЖНИОТ ФАКУЛТЕТ НОРЛАНД.
Моментално, дадилката на принцезата Шарлот и принцот Џорџ е Мариа Тереса Турион Борало која има дипломирано на Факултетот Норланд во покраината Сомерсет.
Правилата за вработување на оваа позиција се:
- Дадилката мора да биде жена
Во историјата, никогаш не се случило маж да ги подучува децата на кралското семејство.
- Играчницата мора да биде беспрекорно средена
- Мора да знаат да ги повиваат децата на повеќе различни начини
Со оглед на тоа дека кралските бебиња никогаш не се повиваат со еднократни пелени, туку само со платнени, дадилката мора да знае неколку различни начини за повивање за детето да се чувствува лагодно постојано.
- Мора да знаат како да се одбраната себе и децата од напаѓачи
Дадилката мора да биде физички подготвена за потенцијална опасност или досадување од папараци, за да ги заштити децата. На факултетот во Норланд сите проаѓаат низ ваква обука.
- Мора да знаат да возат брзо и внимателно
- Одлично да пливаат
Дадилките одат на одмор заедно со кралското семејство. Тие мора да бидат добри пливачи и спасувачи
- Мора да имаат дискретна шминка и природен изглед
- Накитот мора да биде умерен
- Мора да бидат физички посилни како би можеле да управуваат со колички потешки од 40 килограми.
- Да бидат добри нутриционисти
Децата на кралските семејства од мали треба да се научат на правилна исхрана, па така дадилката мора да знае што е најдобро за нив.
- Мора да бидат подготвени да го смират детето во плач во било која доба од денот или ноќта.
Ова не е ни малку лесна работа, затоа дадилките се навистина многу ценети личности во кралската палата.