
Светската здравствена организација (СЗО) апелира да се исправи „срамната глобална нерамнотежа“ во достапноста на вакцините против ковид-19, посочувајќи дека свестските лидери треба да се анагажираат до октомври да го прекинат овој тренд.
„Веројатно има дваесет луѓе во светот кои се клучни за справување со проблемот на неправдата. Тие ги водат големите компании кои се грижат за тоа, тие ги водат земјите што купуваат поголем дел од вакцината во светот и тие ги водат земјите што ја произведуваат вакцината. Очекуваме тие дваесет луѓе да кажат: ‘Ќе го решиме овој проблем до крајот на септември.Ќе се обидеме да добиеме најмалку 10 проценти вакцинирани во секоја земја“, изјави Брус Ајлвард од СЗО во директен контакт на социјалните медиуми на СЗО.
Ајлвард, прв човек на СЗО за пристапот до средства за борба против пандемијата, оцени дека светот мора да чувствува „гадење“ поради таквата ситуација.
СЗО е се повеќе разочарана од овој „морален скандал“, како што го нарече, бидејќи богатите земји ги искористија залихите на вакцини, а земјите во развој едвај ги вакцинираат своите најранливи категории жители.
Француски медиуми наведуваат дека низ целиот свет веќе се употребени речиси 4,5 милијарди дози од вакцината.
Во земјите со високи примања има 104 дози на сто луѓе. Во 29 земји со најниски примања доаѓаат само две дози на сто луѓе.
„Сите заедно треба да се срамиме“, рече Ајлвард.
СЗО сака секоја земја во светот до крајот на септември да вакцинира најмалку 10 проценти од своето население, до крајот на годината најмалку 40 проценти и 70 проценти до средината на 2022 година.