МАКЕДОНИЈА

Ангажирани 623 полициски службеници во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.08.2021 до 07.00 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР се ангажирани околу 650 полициски службеници.

Advertisements

Од МВР денеска соопштија дека меѓу нив се и припадници на сите специјални единици на полицијата, а реализирани се 221 мото-патроли и користени 163 возила.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button