МАКЕДОНИЈА

Скопската полиција санкционираше 175 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје се изречени се вкупно 175 санкции, меѓу кои 89 за возење со брзина поголема од дозволената, 15 за возење без возачка дозвола и шест за возење под дејство на алкохол.

Advertisements

Како што известуваат од МВР, изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, седум за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила и 47 за непрописно паркирање.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button