ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Регистрирани 639 нови случаи на Ковид-19, починаа 6 пациенти

Во текот на последните 24 часа, од 5.390 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 639 нови случаи на Ковид-19, од кои најмногу – 218 во Скопје, 113 во Тетово, а 99 во Гостивар. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 22 пациента. Во последниве 24 часа регистрирани се 6 смртни случаи.
Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 159.908 случаи, од кои 150.635 се излекувани, а 5.527 починале. Во нашата земја во моментов има 3746 активни случаи.