Власта тврди – исплатата на субвенциите не е предизборен поткуп

Субвенции од десет милиони евра за фармерите и дополнителна најава за субвенции за пчеларите и за засеани површини со сертифициран семенски материјал. Ова се последните активности на власта по официјалното распишување на локалните избори во октомври. Освен субвеници, активни се огласи и за 300 работни места во јавната администрација. Половина од нив се планирани во Министерството за политички систем, со кое раководи Артан Груби. По најавата на власта дека исплатила десет милиони евра од државниот буџет на име субвенции, прашавме дали тоа претставува предизборен поткуп? Исплатата на субвенции пред изборна трка, силно ја критикуваше СДСМ додека беше во опзоиција. Но, актуелната власт сега не одговори на нашите прашања. Наместо од „Илинденска“, одговор добивме од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието. Исплатата ја правдаат со одлука на Уставен од пред четири години, со која се укина забраната за исплата на субвенции во предизборие.
Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
„Уставниот суд одлучи дека оспорената одредба од Изборниот законик, а поврзана со исплата на субвенциите – не е во согласност со овој уставен принцип што претставува темелна вредност на уставниот поредок.“
Агенцијата посочува дека испатените милионски субвенции од вчера и најавата за нови, не претставуваат кршење на Изборниот законик. Исплатата била редовна годишна поддршка.
Агенција за финансика поддршка на земјоделието
„Земјоделските субвенции не претставуваат ад-хок исплати кои би го нарушиле Изборниот законик, туку ова се исплати за кои земјоделците уште лани поднеле барања за финансиска поддршка.“
Членот 8 – А од сегашниот Изборен законик забранува вонредно исплаќање на плати, пензии, социјална помош или други исплати од буџетски средства или од средства на јавните фондови. Не смее ниту да се оттуѓува државен капитал. На 17 – ти мај 2017 – та година, Уставниот суд ја укина забраната за испалата на субвенции додека не се формира Влада, по иницијатива на земјоделско здружение.
Bojan Stojanovski