ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Епидемиолозите велат – доцниме со вакцинирањето, затоа вирусот галопира

 Ниту високите температури, ниту вакцините против ковид не се доволни за да го спречат новиот бран на пандемијата. Иако се очекуваше евентуално да стартува од октомври, четвртиот бран веќе зеде замав на почетокот на август. Само за споредба, истиот ден пред една година, кога сè уште никаде ги немаше ниту анти-ковид вакцините, имавме само 139 нови случаи, а цел август тогаш имаше повеќе оздравени, отколку новозаразени. Во последните четири месеци гледаме рапиден раст на заразените каде од 15 позитивни, сме добиле 588 заразени, а од ниеден починат на дневна база, сега има по 8 смртни случаи, а болниците се полнат.

Advertisements

Институт за јавно здравје

21 јули: 2.550 тестови –   15 заразени  –   6 оздравени  – 0 починати

28 јули: 3.593 тестови –   47 заразени  – 14 оздравени  – 0 починати

04 август: 5.276 тестови – 164 заразени  – 18 оздравени  – 3 починати

11 август: 5.780 тестови – 588 заразени  – 26 оздравени  – 8 починати

За имунизацијата да има ефикасност, масовната вакцинација требаше да се направи во многу краток период, вели епидемиологот Александар Стојанов, критикувајќи ги властите дека четвртиот бран немаше да се случи на екот на летото доколку поголемиот дел од вакцинацијата завршеше пролетта. Поранешниот прв човек на Центарот за јавно здравје, сега во пензија, оценува дека минатата година кога целосно беа забранети собири, нелегално  се одржале над 440 свадби, а годинава овој број на семејни веселби ќе не однесе до апокалиптично дереџе, вели тој.

Според податоците на Министерството за здравство, во земјава се дадени над еден милион дози вакцини. Но, комплетно се имунизирани помалку од половина милион граѓани или ¼ од населението. Во последните четири дена е удвоен бројот на пријави за вакцинација откога беше донесена одлуката од понеделник 16 август да има ограничувачки мерки за невакцинираните.

Министерство за здравство

„На пунктовите за вакцинација како и на терен низ целата држава, вчера првата доза ја примиле 8.914 граѓани, додека во текот на последните 24 часа се примени вкупно 16.020 вакцини. Вкупно, од почетокот на имунизацијата против ковид, дадени се 1.016.700 вакцини, од кои 454.788 лица се ревакцинирани.“

Но, колку сме заштитени со започнувањето на новиот бран на пандемијата кога броевите со денови покажуваат позитивни тестови за над 10% од тестираните? Официјалните податоци покажуваат дека најранливите категории како што се постарите лица, хронично болните и вработените во виталните државни институции, сè уште не се целосно имунизирани. Само 66% од постарите лица над 70 години добиле една доза, додека едвај 50% достигна бројот на вакцинираните на возраст над 50 години.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button