Стручното училиште „8 Септември“ ќе го зголеми бројот на запишани ученици

Стручните училишта имаат слободни места, па ќе им дадат можност на полуматурантите кои од различни причини сè уште не се запишале во средно. Според директорот Кенан Асани, полуматурантите кои ќе дојдат во „8 Септември“, покрај вообичаената документација, ќе треба да напишат и молба во која ќе ја објаснат причината зошто доцнат со запишувањето. Исто така, директорот ги потсети учениците дека ова училиште нуди стипендии во износ од над 3 илјади денари, додека кај компаниите каде учениците ќе одат на пракса, стипендиите изнесуваат над 2 илјади денари.
„Ги повикуваме да дојдат. Треба да напишат молба, потоа наставничкиот совет ги прегледува тие молби, исто така зависи од поените и успехот што го имаат. Секое дете кое ќе се запише добива месечна стипендија и гарантирана работа. За оние кои доаѓаат надвор од Скопје, нудиме бесплатни студентски домови, таблети и книги бесплатно, а на секои две недели плаќаме патување до дома, зависи кој каде живее.“
И покрај доделувањето на стипендии, интересот за одредени училишта не беше многу голем. Сепак, според директорот Асани, оваа година може да се смета за задоволителна.
„Ако ги земеме предвид околностите, проблемите што ги имавме со Ковид, знаете дека децата работеа од дома преку Интернет, не беа во училиштата, информациите некаде стасуваа, а некаде не, сепак сме задоволни. Оваа година запишавме 50 ученици, досега ја немавме оваа бројка, имавме помалку од 20 ученици.“
Четиригодишните насоки во ова училиште се машински техничар, техничар за компјутерско водство, техничар за енергетска машинерија, за металургија и за моторни возила. Во меѓувреме, тригодишните насоки се монтер на гасовод, греење и климатизација, обработувач на железо и заварувач.
Melihate Rustemi