ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Намален бројот на активни пожари, се утврдуваат штетите и причините

Една недела по прогласувањето на кризната состојба во државата поради пожарите, заклучно со вчерашните податоци на Центарот за управување со кризи, мал е бројот на активните. Паралелно се продолжува со подготовки за проценки на штетите на зафатените локации од пожарите, но и за утврдување на причините за нивно избувнување. Според надлежните, дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа мора да имаме посериозна одговорност.
На територија на земјава до синоќа имаше два активни пожара, во скопското село Раовиќ и на потегот меѓу селата Барово и Вешија, каде на непристапен терен беше опожарена мешовита нискостеблеста и вискостеблеста шума.