ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не патувајте во Авганистан! Ако сте веќе таму, заминете…МНР со препорака до нашите граѓани

Заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија препорачува на сите граѓани на Република Северна Македонија да не патуваат во Авганистан, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.

Advertisements

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button