ВЕСТИСВЕТ

По критиките од Кина, СЗО формира нов тим за истрага за потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација соопшти дека од витално значење за светот е да се дознае како почна пандемијата на Ковид-19, како пример за одредување на потеклото на сите идни слични вируси.

Advertisements

СЗО соопшти дека формирала нов истражувачки тим за потеклото на коронавирусот и пандемијата на Ковид-19 по критиките на кинеските власти дека истрагата е политизирана.

„По објавувањето на заедничкиот извештај на СЗО-Кина за првата фаза од истрагата за потеклото на вирусот САРС-КоВ-2 во март 2021 година, СЗО ја претстави следната серија студии и продолжува да разговара за чекорите со земјите членки и експерти“, се наведува во соопштението.

СЗО, меѓутоа, соопшти дека Кина и некои други земји сугерирале дека студијата во март била политизирана или дека СЗО дејствува под политички притисок.

Шефот на СЗО, Тедрос Гебрејсус, кон средината на јули кажа дека очекува поддршка од Кина за следната фаза од научниот процес за да се идентификува потеклото на САРС-КоВ-2.

САД, кои целосно се ангажираа со СЗО откако поранешниот претседател Доналд Трамп ја прекина таа соработка, исто така го критикуваа извештајот од првата студија, повикувајќи на дополнителни истраги.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button