МАКЕДОНИЈА
Санкционирани 157 возачи во Скопје, 54 поради пребзо возење

Во рамки на засилените акциски контроли што ги спроведува МВР, вчера во градот Скопје беа изречени вкупно 157 мерки. Изречени се 54 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, а 43 за непрописно паркирање.
Исто така, изречени се 18 мерки за возење без возачка дозвола, а девет за возење под дејство на алкохол.Шест возачи се санкционирани поради користење мобилен телефон. Десет прекршоци се за возачите на мотоцикли, а пет за возач почетник.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.