СВЕТ
Нов руски нуклеарен мразокршач стигна до Северниот пол

Рускиот нуклеарен мразокршач „Арктик“ стигна до Северниот пол во втората фаза на тестирање. Пред тоа, овој брод патуваше од Санкт Петербург до Мурманск две недели. По враќањето во Мурманск, тој ќе биде предаден на нарачателот – „Росатом“.
Должината на мразокршачот е 173,3 метри, а висината е 52 метри. Тој е способен да скрши мраз дебел 2,8 метри, а екипажот брои 54 лица. Рок на употреба – 40 години.
На тој брод е инсталиран најновиот систем на нуклеарни реактори „РИТМ-200“, кој се состои од два посебни реактори со капацитет од по 175 мегавати.
Главната карактеристика на овој систем е тоа што е компактен и економичен, а во исто време и сигурен.
Изграден е кај бродоградилиштето Балтик во Санкт Петербург.