Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не беше задоволен од ремито на гостувањето кај Лидс (1:1). Неговиот тим поведе рано со голот на Рахим Стирлинг, но во второто полувреме Родриго му донесе бод на домашниот тим.
Тој вели дека знае во каква ситуација се наоѓа тимот и знае која е причината за оваа ситуација.
– Постојат неколку работи што треба да ги направиме. Лошото е што веќе изгубивме 5 бода. Марсело Биелса ме праша што мислам за натпреварот, но јас одговорив дека не можам да анализирам што се случило толку брзо, додаде каталонскиот стручњак.