Лицата со попреченост дискриминирани во изборниот процес

Недостигот на соодветни услови за време на изборниот процес за лицата со попреченост често предизвикува дискриминација. Потпретседателката на комисијата Весна Бендевска вели дека недостигот на услови за нив во канцелариите и избирачките места е системски проблем што треба итно да се реши. Според неа, ДИК, заедно со другите централни и локални институции е должна што поскоро да ги исполни сите услови за лицата со попреченост.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за време на изборниот процес ќе има мобилни тимови за следење на можните случаи на дискриминација.
Во врска со физичкиот пристап, од ДИК велат дека објектите каде што се наоѓаат подрачните единици, општинските изборни комисии и избирачките одбори не се во сопственост на ДИК, иако минатата година обезбедиле околу 140 уреди за да им го олеснат пристапот до објектите на лицата со попреченост.
За време на секој изборен процес ДИК им се обраќа на единиците на локалната самоуправа кои при одредувањето на локациите за изборните тела, се грижат да има пристап за лица со посебни потреби. Иако според членот 25 од Изборниот законик, државните органи се должни да ги обезбедат сите услови, вклучувајќи ги и оние со простор за сите изборни тела и ДИК презема многу активности во овој поглед – велат од ДИК.
Ден претходно, до Комисијата за антидискриминација, имаше жалба од лица со попреченост кои се жалеа дека не постојат услови за поднесување на листа со независни кандидати во општина Карпош.
Мефаил Исмаили