ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новиот образовен концепт стартува за неколку дена, училишта немаат компјутери, телевизори, „смарт“ табли…

Основните училишта ги завршуваат последните подготовки за почеток на новата учебна година. Директорот на основното училиште „Сами Фрашери“ во село Глумово, општина Сарај, Хисни Мустафа ја поздравува одлуката наставата ќе почне со физичко присуство. Но, тој е загрижен поради примената на новиот концепт кој за првпат ќе почне да се спроведува за прво и четврто одделение.

Advertisements

Поточно, паметните табли кои се барат, ние како училиште немаме ниту една. Имаме тешкотии и за четврто одделение, за таблетите што се потребни, дури и таму имаме потешкотии. Не знам како ќе се одвиваат работите, но ние се обидуваме да соработуваме со родителите за да можеме да обезбедиме нешто. Обезбедивме мал број од Министерството за образование, денеска добив некои таблети, но не се доволни, не се ниту за 30-35% од учениците, тие се за социјалните случаи – изјави Хисни Мустафа, директор на училиштето „Сами Фрашери“ Глумово – Сарај.

Покрај паметните табли, новите наставни програми објавени од Бирото за развој на образованието бараат разни алатки и опрема за реализација на наставата за прво и четврто одделение, како што се компјутери, таблети или лаптопи за учениците, телевизори, енциклопедии за деца, разни помагала и слично. Но, покрај ова, во Глумово има потреба и од дополнителен простор за учење.

Ние како училиште имаме многу потешкотии во однос на просторот. Сега имаме 492 ученици, што значи дека бројот на ученици се зголемува, за среќа, така што имаме потреба од повеќе простор. Ние и онака немаме простор, па принудени сме да го комбинираме бројот на ученици во училниците. Ќе почнеме така на почеток, но потоа ќе видиме да се организираме, за време на работата ќе видиме каде имаме пропусти и потешкотии – рече Хисни Мустафа, директор на училиштето „Сами Фрашери“ Глумово – Сарај.

Инаку, наставниците кои ќе бидат дел од новиот наставен концепт ги поминале сите потребни обуки.

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button