Во пораст бројот на лица кои користат наркотици

Алармантни бројки на корисници на наркотици во нашата земја. Иако бројот на луѓе кои користат разни наркотици е голем, само третина од нив се лекуваат во државните институции за рехабилитација, ресоцијализација или трајно лекување. Во земјава има над 6.800 лица кои користат дрога, додека само околу 1.600 од нив се лекуваат.
Од Министерството за здравство велат дека со Програмата за здравствена заштита на лицата со болести на зависност обезбедуваат терапија за 1.550 лица. Министерството за труд и социјална политика вели дека рехабилитацијата и ресоцијализацијата на корисниците на наркотици се врши преку финансиска помош на семејствата на корисници и преку социјални услуги во центрите за рехабилитација.
Министерство за труд и социјална политика:
– Минимална гарантирана помош како член на семејство за 36 лица.
– Загарантирана минимална помош како лично право за 41 лица.
– Правото за еднократна парична помош го искористиле шест лица.
– 17 лица се сместени во Центарот за социјална рехабилитација
Мефаил Исмаили