РЕГИОН

Видео самит на балканските лидери


Лидерите на шест земји од Западен Балкан ќе учествуваат на денешниот видео самит организиран од Атлантскиот совет со седиште во Вашингтон, посветен на конкретните потези за зајакнување на регионалната економска соработка и привлекување странски инвестиции.

Како што е објавено на веб-страницата на Атлантскиот совет, на самитот ќе учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти, албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на С. Македонија Стево Пендаровски, претседателот на министрите на Советот на БиХ Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button