МАКЕДОНИЈА
Шекеринска-Мехај: Безбедност и стабилност на целиот регион, цели кон заедничка европска и евроатлантска иднина

Северна Македонија кон крајот на минатата година како НАТО-членка започна и со свои сили да придонесува кон мисијата на Алијансата во Косово. Нашата заедничка мисија и тука е целта која што ја споделуваме и со Владата на Република Косово е да обезбедиме безбедност и стабилност на целиот регион, безбедност и стабилност на Косово, да имаме навистина регион којшто ќе цели кон заедничка европска и евроатлантска иднина. Тоа е иднината која што ја посакувавме и за нашите граѓани и тоа е иднината која што граѓаните во нашиот регион целосно ја заслужуваат, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај.