МАКЕДОНИЈА
Време, променливо облачно со услови за дожд попладне

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурата ќе биде во границите од 15 до 29 степени.