МАКЕДОНИЈА

Ковид состојбата во Прилеп не е алармантна, но потребна е претпазливост и мерки

Модуларната болница во Прилеп засега ги задоволува капацитетите за лекувањето на заразените од Ковид-19, но, за секој случај, подготвено е инфективното одделение да биде ковид-центар, вели Кети Смилеска, директорка на Прилепската општа болница со проширена надлежност.

Advertisements

Во Прилеп се 134 активни случаи, од кои 20 се хоспитализирани, главно невакцинирани, но има и пет што примиле вакцина. За една недела за 50 отсто се зголемил бројот на новозаболени и на хоспитализирани.

-Во моментот има 20 хоспитализирани пациенти и тие се сместени во модуларната болница. Од нив 17 се на кислородна поддршка, од кои тројца се со потешка клиничка слика, другите се со средна и полесна клиничка слика. Во хоспитализираните се пет пациенти кои примиле вакцина, четворица со две дози. Од нив има кои не им бил поминат периодот од 14 дена по примањето на вакцината. Немаат тешки симптоми, но се хоспитализирани за да се следи нивната состојба. Засега очекуваме дека модуларната болница ќе ги задоволи потребите. Доколку се случи поголем наплив на пациенти со потешка клиничка слика, тогаш инфективното одделение ќе го стартуваме како ковид-центар, вели Смилеска.

Според Драгица Николоска, директорка на Центарот за јавно здравје ситуацијата не е алармантна, но е загрижувачка и потребна е крајна внимателност. Се следат семејни кластери заразени, главно, од патување и при прослава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button