СДСМ објави нови кандидати за градоначалници, ВМРО реплицира дека се истрошени

СДСМ формализираше 16 нови кандидатури за градоначалници. За Прилеп ја потврди кандидатурата на Горан Сугаревски, за општина Аеродром, Александар Филипов, за Карпош директорот на јавното претпријатие „Водовод Скопје“, Душко Весковски и за Тетово Хамдија Елезовиќ. Генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, изјави дека со кандидатурите што ги презентира, СДСМ е сигурен победник на локалните избори.
Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот Наум Стоилковски рече дека со објавените кандидатури на СДСМ, забетониран е неуспехот на владејачката партија на локалните избори.
Кандидатура како независен кандидат за Град Скопје денеска објави претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Даниела Арсовска. Во меѓувреме, од албанските партии, ДУИ ги објави сите кандидатури за градоначалници, па само ќе ги официјализира на партиски конгрес. Албанската опозиција пак, објави само дел од кандидатурите зашто другите се во фаза на избирање. Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 17 октомври.
Mefail Ismaili