МАКЕДОНИЈА

Утре променливо облачно, со изолирана појава на пороен дожд

Утре времето ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, но и појава на град.

Advertisements

Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7
Во Скопје, посвежо и променливо облачно, уште од претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Од УХМР најавија дека уште утре ќе има позначителна нестабилност проследена со засилен западен ветер претежно во западните делови од земјата. Во деновите потоа ќе биде претежно стабилно и за време на викендот ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност во планините.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button