Заев: Со згрижувањето на Авганистанците ќе ја испратиме пораката за хуманост и солидарност

Со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, напомена Заев, ќе ја испратиме клучната порака, на солидраност, и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака вои најтешките моменти.
-Зошто се опредилвме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луше, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност., рече Заев, одговорајќи на новинарско прашање по увидот во изградбата на мостот „Љублљанска“.
Заев повтори дека е многу важна подготвеноста на една мала земја, тука, во срцето на Балканот, рамнорпавно со целиот демократски свет, да ја испрати пораката на човечноста и хуманоста.
Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигат гмиротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.