МАКЕДОНИЈА

Почнаа Струшките вечери на поезијата, поради Ковид не дојдоа многу поети

Настаните на 60-ттото издание на Струшките вечери на поезијата ќе се одржуваат само за ограничен број на посетители. Aлбанскиот јазик на фестивалот, годинава можеше да се слушне во дел од стиховите од песната „Т’га за Југ“ од струшкиот поет од периодот на Преродбата, Константин Миладинов, но и во најавата на фестивалот.

„Одлучивме во интерес на привлекување на публика која го зборува албанскиот јазик, церемонијата на главното отворање и на затворањето, најавите и преводите на песните да бидат и на албанскиот јазик. Тоа не произлегува од Законот за употреба на јазиците, туку беше наша програмска определба за да допреме пошироката публика“, изјави Тодорче Тасески, директор на Струшки вечери на поезија.

Преводите на поезијата на поетите учесници на македонски и албански јазик во најголем дел одеше во пишана форма. Фестивалот ќе трае до 30 август, а поради пандемијата, не се одржа ниту традиционалното садење на дрво во Паркот на поезијата од страна на добитникот на главната награда. Добитничката на Златниот венец годинава, британската поетеса, Карол Ен Дафи, во своето видео-обраќање рече дека наградата ѝ го вратила духот и внатрешната сила. Таа во Струга на фестивалот била пред 30 години како релативно млада поетеса.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button