Учениците ќе треба да обезбедат сопствени таблети за да учат од дигитални книги

Учениците од четврто одделение кои ќе учат со дигитални книги оваа нова учебна година, според новиот концепт за учење, ќе треба да обезбедат сопствени дигитални уреди. Министерството за образование и општините ќе обезбедат дигитална опрема само за учениците кои потекнуваат од социјално загрозени семејства. Исто така, министерката за образование Мила Царовска рече дека се отпечатени одреден број книги за четврто одделение, но тие ќе се користат за вонредни случаи.
Родителите, ја изразија својата загриженост за почетокот на учебната година според новите реформи. Наставничката, Гордана Павлова рече дека е во постојана комуникација со родителите за да го разјасни секој детал што го носи новиот наставен концепт.
Според податоците на Министерството за образование, обезбедени се 10 илјади таблети за учениците од четврто одделение во тешка економска ситуација. Од нив, 3.000 веќе се распределени во основните училишта.
Melihate Rustemi