СВЕТ
Продолжуваат борбите за Нагорно Карабах

Жестоките борби за регионот Нагорно Карабах продолжија и утрово додека двете страни меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на граничните градови и цивилни цели.
Претставникот на ерменското Министерство за одбрана, Артсрун Хованиси, рече дека азербејџанската артилерија напаѓала цивилни цели во градот Степанкерт, главниот град на Нагорно Карабах.
Генџе, вториот по големина град во Азербејџан, исто така беше ракетиран. Властите соопштија дека е убиен еден цивил, што Ерменија го негираше.
Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров повика на итен прекин на огнот, но азербејџанскиот претседател Илхам Алиев рече оти ќе се согласи само ако Ерменија вети дека ќе ги повлече своите трупи од спорната област.