СВЕТ

Британија нема да вакцинира помлади од 18 години против Ковид-19

Претседателката на британската комисија за вакцина против коронавирусот, Кејт Бингам, изјави дека вакцинирањето на целото население во Велика Британија нема да биде можно и оти првенствено ќе се вакцинираат постарите лица и вработените кои се изложени на најголем ризик.

Advertisements

„Нема да се вакцинира на возраст под 18 години. Оваа вакцина е наменета само за возрасни лица, лица над педесет години, здравствени работници и персонал во домови за стари лица и изнемоштени лица“, изјави Бингам за „Фајненшл тајмс“.

„Луѓето велат дека во одреден момент целата популација ќе биде вакцинирана, но тоа не е точно“, рече Бингам, додавајќи дека вакцинирањето здрави луѓе, кои имаат многу помал ризик од тешки последици од ковид-19, „би можело да нанесе одредена штета“.

Велика Британија го премина прагот од 500.000 случаи на инфекција со коронавирус во неделата, од кои 42.300 починаа, што е највисоко во Европа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button