ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев вели, невакцинираните попишувачи не го загрозуваат пописот

Мал е бројот на граѓани кои нема да се согласат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи, така што кај нив ќе бидат испратени вакцинирани попишувачи. Ова го изјави премиерот Зоран Заев, кој вели дека 25-дневниот период за спроведување на пописот е доволен за тој успешно да се заврши.
Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, вели дека имплементацијата на здравствените протоколи е поважна од вакцинацијата.

Advertisements

Симовски додаде дека повиците за бојкот се штетни за државата. Пред неколку дена, Владата им понуди на Заводот за статистика вработени во администрацијата за да можат со договори на дело да дојдат на помош доколку Заводот има потреба од уште попишувачи. Пописот ќе започне во недела и ќе трае до 30 септември. Паралелно со него продолжува и онлајн пописот на дијаспората кој започна на 1 март и ќе заврши истиот ден кога и пописот во земјава.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button