РЕГИОН

Во Косово сместени 683 Авганистанци

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељал Свечља, денеска за Радио Слободна Европа изјави дека вкупно 683 авганистански државјани досега добиле привремено сместување во Косово.

Advertisements

Освен во кампот Бехтел-Енка во Феризај, што се наоѓа на околу 30 километри од Приштина, 91 цивил од Авганистан се сместени и во американската воена база на Косово – Бондстил. Оваа база се наоѓа и на територијата на општина Феризај.

Министерот Свечља исто така рече дека приемот на авганистанските цивили ќе продолжи и оваа недела, врз основа на планот за нивен прием.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button