Во Грција следи казна за работодавачите во приватните здравствени центри во случај да имаат невакциниран вработен, но ќе се казнува и доколку некој поседува или издава лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19, предвидува амандманот кој го поднесе Министерството за здравство на Грција до грчкиот Парламент.
Секој кој ќе се обиде или ќе успее да добие сертификат за вакцинација, а не е вакциниран, или потврда за прележан ковид-19, а не бил болен, како и за секој вработен, кој на каков било начин учествува во издавањето лажен сертификат за вакцинација, предвидена е парична казна од 5.000 евра.
Конкретната мерка доаѓа по откриениот скандал со над 40 фиктивни вакцинации, внесени во системот за вакцинирање во болницата во Палама, поширокиот регион на грчкиот град Кардица.