ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Колку се безбедни 19-тте модуларни болници? Директорите молчат

Пожарот во импровизираното ковид одделение во Тетово, создаде дилеми дали модуларните болници ги исполнуват условите за болничко лекување на пациенти? Во недостиг на кревети и ширењето на КОВИД пандемијата, во земјава се отворија 19 модуларни болници и тоа во Скопје, Гевгелија, Струмица, Куманово, Кичево, Струга, Гостивар, Штип, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани и Дебар.

Advertisements

Сите 19 модуларни болници изградени за време на пандемијата изградени се според сите безбедносни протоколи. Барем така тврди Министерството за здравство. Останува отворено прашањето, дали во нив се вградени системи за превенција од пожари како и систем кој би изгаснал евентуален пожар?

Министерството за здравство кусо соопшти дека сите модуларни болници се градени сертифицирано, вклучително и таа во Тетово.

„При градбата има уредно документирани записници за незначителни технички забелешки – силиконирање лајсни на подот, нивелирање на сифон во тоалет, продолжување на дел од олуците“, наведоа од Министерството за здравство.

Иако пробавме да добиеме изјава од неколку директори на ковид центри дали после трагичниот настан ќе бараат зголемување на безбедноста во објектите и дали имаат инсталирано систем за превенција и гасење пожар, обидот беше неуспешен. Директорката на Инфективната клиника во Скопје не одговараше на нашите повици. Директорите на болниците во Охрид и Струга не зборуваа јавно, само посочија дека досега не било побарано полициско присуство во овие два објекти за зголемување на безбедноста.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button