ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
„Никој не ги посетува преживеаните од пожарот, ние се грижиме за нив“, велат болничарите

Здравствената состојба на дванаесетте пациенти кои го преживеаја пожарот во Тетово е стабилна и сите се надвор од животна опасност. Ниту еден од нив немал повреди од пожарот.
„Тие се во добра состојба и стабилни се. Сега ги посетивме пациентите. Има пациенти со Ковид кои се лекуваат, нема со изгореници и истите се во добра стабилна состојба“, вели Ханифе Демири- дежурна сестра.
Демири вели дека денеска немало посети на пациентите од страна на членови на семејствата.
„Не, не, ние се грижиме за пациентите, медицинските сестри и техничарот“, тврди сестра Демири.
Инаку, кобната ноќ, од вкупно 26 присутни во модуларната болница, заедно со медицински сестри, лекарите и двајца цивили, 12 пациенти ја преживеаја трагедијата.
Башким Сулејмани