ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Еден смртен случај последниве 24 часа во тетовската болница

Едно лице почина во последните 24 часа, а тројца нови пациенти се примени со потешка клиничка слика поради корона вирусот во болницата во Тетово. Амбулантските прегледи сѐ уште се високи, информираат од медицинскиот центар. Во тетовската болница, во моментов има 40 легла на двата ката од одделот за практиканти.