ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неексплодирана направа од 2001 година најдена во двор на куќа во Шемшово

Жител на тетовско Шемшово додека копал во дворот нашол неексплодирана направа, па ги повикал надлежните институции да ја отстранат.

Advertisements

Полицијата добила повик од 76 годишниот А.Ш. од тетовско Шемшово, кој пријавил дека пронашол неексплoдирана тромблонска мина.

– Извршен бил увид и било констатирано дека мината потекнува од 2001 година, по што била подигната и транспортирана од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button