ВЕСТИЗДРАВСТВО

Од понеделник боцкање со трета доза вакцина против корона

Третата доза вакцина против коронавирус ќе започне да се дава од понеделник. Препораката според Министерството за здравство е неа да ја примат сите лица над 60 години, целиот здравствен персонал и граѓаните со слаб имунитет. Без оглед на тоа од кој производител биле првите две дози, третата за сите ќе биде „Фајзер& Бионтек“.

Advertisements

Според Филипче, до понеделник системот „Мој термин“ ќе се реконфигурира и овие категории граѓани ќе бидат известени преку смс порака за вакцинацијата со третата доза.

Инаку, досега една доза вакцина примиле 37% од населението, а до денеска две дози имаат примено над 700 илјади лица. Интензитетот на вакцинирање е намален. Според Министерството за здравство дневно сега се ставаат до околу две илјади вакцини. Сè уште не е познато дали третата доза ќе биде задолжителна и дали наскоро ќе стане предуслов за определени активности како што се посети на затворени простории, угостителски објекти, преминување граници и слично. Во меѓувреме, синоќа уште 100 илјади дози Фајзер преку механизмот „Ковакс“. Според министерот Филипче, актуелно во земјава има резерви од 250 илјади дози на Фајзер, 100 илјади Астра-Зенека и 50 илјади вакцини Синовак.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button