ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Хирурзите од „8 Септември“ од понеделник во штрајк

Хируршкиот персонал во болницата „8 Септември“ од понеделник најавува штрајк. Револтот на белите мантили од оваа институција ќе биде изразен со тоа што нема да се вршат никакви хируршки интервенции што не се итни. Хирурзите испратија отворено писмо до директорот на болницата Христијан Костов, до здравствените институции и владата дека ќе протестираат за да добијат нормални работни услови. Меѓу барањата е повторно отворање на 4 операциони сали бидејќи сега работат само две.